Увид на местото на сообраќајката во која загина Шабан Шаулиќ ВИДЕО

1539

Шабан Шаулиќ, или како што многумина го нарекуваат, кралот на српската народна музика, загина во тешка сообраќајна несреќа која утрово се случила во Германија, на автопат помеѓу Билефелд и Дортмунд.

Како што информираат српските медиуми, автопатот бил блокиран цели пет часа по незгодата.

До сообраќајката дошло по концертот на Шаулиќ во Билефелд, а пејачот бил веднаш пренесен во болница, каде што, за жал и покрај напорите на лекарите, им подлегал на повредите, информира српски „Блиц“.

Шаулиќ во моментот на несреќата, патувал кон аеродром. Тој не го возел автомобилот, туку имал возач.

Порталите пишуваат дека со него бил и неговиот кум, кој е повреден.

Несреќата се случила околу 6.50 часот наутро, во Верл на автопатот А2. Автомобилот во кој се наоѓал Шаулиќ се движел во правец на Дортмунд.

(VIDEO) Poginuo Šaban Šaulić

Posted by CRNA Hronika BIH on Недела, 17 февруари 2019

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...