УБС во Франција казнета со 3,7 милијарди евра поради даночни измами

389
Првата приватна банка во светот УБС денеска е осудена во Франција за нелегални банкарски постапки и перење пари со отежнувачки околности на даночна измама, јави дописникот на МИА.

Швајцарската банкарска групација УБС мора да плати парична казна од 3,7 милијарди евра поради даночни измами, што е рекордна сума.

УБС е обвинета дека им помогнала на илјадници француски даночните обврзници во затајување данок во периодот од 2004 до 2012 година. Банката, исто така, ќе плати 800 милиони евра отштета на француската држава.

Адвокатите на УБС најавија жалба на пресудата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...