Напаѓачот од Стразбур е убиен вечерва од француските специјални сили.
Шериф Шекат кој уби три лица, додека 13 беа повредени, никогаш не го напуштил градот во кој го изврши крвавиот напад.
Тој е пронајден во населбата Нојдорф, каде полицијата од попладнево спроведе голема акција за негово пронаоѓање, а специјалци вршеа претрес во куќите.
Повеќе од 700 полицајци беа мобилизирани во потрагата по убиецот кој пред две ноќи го тероризираше Стразбур.
Во потрагата по него се уапсени пет лица, а претходно беа приведени членовите на неговото семејство.