Убиен синот на експретседателот на Германија

Во инцидентот потешко повредено е уште еден човек, кој застанал помеѓу напаѓачот и Фриц Вајцзекер.

1344

Синот на поранешниот претседател на Германија, Рихард фон Вајцзекер, Фриц синоќа е избоден до смрт за време на предавање во болницата во која бил вработен.

Фриц фон Вајцзекер починал на самото место, додека напаѓачот е уапсен. Поголем број лица од публиката и помогнале на полицијата да го приведе напаѓачот.

Во инцидентот потешко повредено е уште еден човек, кој застанал помеѓу напаѓачот и Фриц Вајцзекер.

Фриц фон Вајцзекер од 2005 година беше главен лекар на одделението за Интерна медицина во приватната болница „Шлоспарк“, во која е убиен. Во болницата редовно се одржуваат предавања за луѓе кои не се поврзани со медицината, а сакаат да дознаат повеќе за болестите, дијагнозите и терапиите.

Таткото на жртвата, Рихард фон Вајцзекер од 1981 до 1984 година беше градоначалник на Берлин, а потоа од 1984 до 1994 година беше претседател на Германија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...