Убиен полицаец во Британија, меѓу осомничените и 13-годишно момче

161

Во Британија се уапсени 10 лица осомничени за убиство на полицаец во Беркшир, во југоисточниот дел на Англија, а меѓу нив се наоѓа и едно 13-годишно момче.

Британскиот премиер Борис Џонсон објави на Твитер дека „е длабоко разочаран и шокиран“ поради убиството на полицаецот Ендрју Харпер.

Харпер е убиен вчера при вршење истрага за случај на кражба. Полицијата уапси 10 осомничени, на возраст од 13 до 30 години.

Лидерот на британската опозициска Лабуристичка партија, Џереми Корбин истакна дека ова убиство го рефлектира зголемениот насилен криминал во Британија.

Џонсон на почетокот на годинава најави проширување на затворските капацитети за 10.000 места во затворите, а вети и дека ќе ги зајакне полициските сили за 20.000 полицајци, но ќе бидат разгледани и казните кои им се изрекуваат на криминалците.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...