Убиен Палестинец, откако сакал да прегази израелски војници

61

Израелски војници застрелаа Палестинец, кој според полицијата се обидел да ги прегази со автомобилот во близина на градот Хеброн на Западниот Брег, информираат извори од палестинското Министерство за здравство.

Израелската полиција прецизира, дека војниците отвориле оган врз автомобилот пред да ги удири и дека нема повредени од израелска страна.

Инцидентот се случува два дена откако вооружен Палестинец рани седум Израелци на Западниот Брег, вклучувајќи 21-годишна бремена жена, која предвреме роди со царски рез, веднаш по нападот. Бебето е во критична состојба.

По нападот израелската армија презеде операции во Рамалах за пронаоѓање на напаѓачот, вклучувајќи го и седиштето на официјалната Палестинска новинска агенција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...