Новинарот Сантјаго Баросо кој ги истражувал нарко бандите е убиен во северната сојузна држава Сонора, соопштија мексиканските власти.
Баросо (47) е изрешетан синоќа, кога ја отворил вратата од куќата на лице кое ѕвонело на ѕвончето. Баросо успеал да се врати во куќата, да викне итна помош, но починал во болница од рани во стомакот и во рамото.
Баросо работел во приграничниот град Сан Луис Рио Колорадо како радиоводител, пишувал за неделникот Контрасена и бил директор на порталот Ред 563.
Тој е трет новинар за кој се знае дека оваа година е убиен во Мексико.
Покрената е истрага.
Мексико е високо на листата на земји по број на нерешени убства на новинари.