Во Турција во октомври убиени се 34 жени, се наведува во извештајот на невладината организација „ Ќе ги запреме убиствата на жените“.
Во поголемиот број случаи, жените се убиени поради нивната желба сами да одлучуваат за сопственито живот. Десет од жртвите се убиени од сопругот, роднина или од познаник.
Во извештајот се наведува дека половината од убиените жени се на возраст од 36 до 65 години, а најмал број од жртвите се на возраст од 25 до 35 години. Три проценти од жените биле под заштита на државата пред да бидат убиени, шест отсто од жените побарале заштита со забрана за приближување, додека 38 проценти имале деца.
Според организацијата во 2017 година во Турција убиени се вкупно 409 жени, во 2016 – 328, а во 2015 година – 303 жени.