„Убер“ исплаќа бонуси за таксистите во висина од 300 милиони долари

266

Такси службата „Убер“ која работи на повик преку апликација за мобилни телефони во повеќе земји, планира да исплати бонуси за своите возачи во вредност од 300 милиони долари, се дознава од извештајот на компанијата за првична јавна продажба.

Парични награди ќе добијат повеќе од 1,1 милион квалификувани возачи во земјите каде службата е управувана од самата компанија, а исплатата ќе се изврши на 27 април.

Во САД таксистите на „Убер“ ќе добијат бонус во висина од 100 долари за 2.500 повици за превоз на патници остварени заклучно со 7 април 2019 година. Потоа, 500 долари за 5.000 повици, 1.000 долари за 10.000 повици и 10.000 долари за 20.000 повици за превоз.

За да се квалификува за бонус, возачот треба да има барем еден повик за превоз на патници заклучно со 7 април. Во другите земји критериумите за добивање на наградата се исти но сумите ќе бидат различни.

Исто така, компанијата на своите возачи ќе им даде дел од акциите предложени на првичната јавна продажба. Тие треба да исполнат маинимални критериуми за да можат да купат акции по одредената цен.

Фото: EPA/FELIPE TRUEBA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...