Убер во загуба од 5,2 милијарди долари

Убер Еатс, одделот за испрака на храна, меѓутоа, забележал раст на приходите, додека главниот бизнис на компанијата се забавил.

167

Убер вчера информира за загуба од 5,2 милијарди долари, што предизвика експресен пад на вредноста на нивните акции на Вол Стрит. Компанијата со седиште во Сан Франциско, исто така, соопшти дека нејзините приходи биле под очекуваните.

Американската компанија соопшти дека поголем дел од оваа огромна загуба им се припишува на надоместоците поврзани со трошоците на акциите.

Убер Еатс, одделот за испрака на храна, меѓутоа, забележал раст на приходите, додека главниот бизнис на компанијата се забавил.

Генералната директорка на Убер, Дара Кошровшахи, изјави дека смета оти 2019 година ќе биде нивната најголема инвестициска година и дека во 2020 и 2021 година ќе се види дека загубите за намалуваат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...