На годишната конференција за медиуми на рускиот претседател Владимир Путин еден новинар му поставил прашање: Кога планира да се ожени? Ова прашање ги покренало приказните за венчавката на Путин со Алина Кабаева.
Шефот на Кремљ се насмевнал и одговорил дека во иднина секако планира повторно да застане на лудиот камен.
– Како пристојна личност, тоа ќе морам да го направам, порано или подоцна – одговорил Путин.
Светските медиуми сега пишуваат дека неговата наводна девојка Алина Кабаева (35) станува нестрплива и дека сака да знае кога тие двајца ќе се венчаат.
Кабаева е една од омилените жени во Русија, а таа повеќе од една деценија не е поврзана со ниту еден друг маж.
Се шпекулира дека Путин повеќе од една деценија е во врска со поранешната ритмичка гимнастичарка Алина, која сега е шефица на голема медиумска куќа во Москва. Се зборува дека двојката има и тајно семејство, што Кремљ категорично го негира.
Кабаева од 2014 година ја води Националаната медиумска група, откако дала оставка на местото пратеник во рускиот парламент.
Алина ретко се појавува во јавност, а самата понекогаш сака малку да ги подгрее шпекулациите. Така во една прилика изјавила дека го пронашла мажот кој многу го сака, одбивајќи да го каже неговото име.