Уапсен oлимпискиот бегалец обвинет за сексуално злоставување

146

Двојниот олимписки победник од Австрија, Петер Сајсенбахер уапсен е по повеќегодишно бегство од австриските правосуден систем. Џудистот е уапсен при обид нелегално да премине од Украина во Полска и им е предаден на австриските власти, кои имаа распишано потерница по Сајсенбахер поради сексуално злоставување на малолетни девојчиња.

Поранешниот австриски репрезентативец 2,5 години бегаше од правосудните органи на Австрија. Тој на почетокот од неделата се обидел со фалсификувани документи да ја премине „зелената граница“ помеѓу Украина и Полска. Со поддршка на Интерпол, Сајсенбахер е предаден на Австрија, каде е сместен во истражен затвор.

Пред околу 2,5 години Сајсенбахер требаше да се појави на судење во Виена за наводно сексуално злоставување на две малолетни девојки, на кои им беше тренер на почетокот од 2000-те години.

Тој е обвинет дека во периодот од 1999 до 2002 година сексуално злоставувал 11-годишно девојче, а во 2004 година злоставувал 14-годишна девојка.

Украинските власти го уапсија Сајсенбахер во август 2017 година на барање на Австрија, но Киев го одби барањето за екстрадиција, со образложение дека делата за кои се товари во Украина застаруваат по 10 години.

Сајсенбахер е првиот џудист кој освои златни медали на Олимписките игри во Лос Анџелес во 1984 и во Сеул во 1988 година.

Тој беше тренер на Грузија на Олимписките игри во Лондон, кога Лаша Шавдатуашвили освои златен медал во категоријата до 66 килограми.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...