Сопственик на ресторан во грчкото туристичко место Парга беше уапсен откако во неговиот локал беа пронајдени околу 90 парчиња оригинални антиквитети, дел стари и над две илјади години.
Локалните власти соопштиja дека станува збор за грнчарија што главно потекнува од античкиот период и дел од доцниот среден век, а биле изложени како декорација во ресторанот.
Тие најверојатно се извадени од морето, а некои се земени од потонат брод во близината на ова место.
Полицијата го уапси 32-годишниот сопственик на локалот согласно грчките закони за заштита на културното наследство, но тој не е осомничен за продажба на артефактите.
Сопственикот тврди дека вредните артефакти ги наследил од дедо му, кој ги вадел од морето.
Согласно грчките закони сите артефакти се сопственост на државата.