Поранешниот претседател на Бразил, Мишел Темер, уапсен е во рамките на голема антикорупциска истрага.
Темер е уапсен во рамките на полициската операција „Лава јато“ поврзана со корупцискиот скандал во нафтената компанија „Петробрас“.
Корупцискиот скандал со „Петробрас“ изби во 2014 година откако се дозна дека неколкуминa функционери потпишувале договори и за тоа земале провизии од три отсто од износот на договорот.