Полицијата во Кина уапси поранешен заменик-министер за финансии поради сомневање за корупција, соопшти обвинителството.
Според соопштението, Џанг Шаочун е под истрага за „сериозни нарушувања на дисциплината и законот“, што е еуфемизам за корупција.
Кинескиот претседател Си Џинпинг со години води кампања за искоренување на корупцијата во партиското и државното раководство.