Полицијата го уапси напаѓачот кој пукаше во Универзитетот Озмангази во градот Ескишехир, во истоимената турска провинција, јавија турските медиуми.
Инцидентот се случил откако вооружен напаѓач влегол во Универзитетот и почнал да пука. Напаѓачот, универзитетски истражувач, влегол во Универзитетот и ги застрела заменик деканот, секретарот на факултетот, професор и еден вработен во факултетот.
Мотивите за нападот се уште се непознати.