Еден од најбараните европски бегалци, кој убивал цели 16 години е уаосен вчера на Малта.
Четириесет и едногодишниот Кристофер Гест Мор Јр се најде на листата на најбарани бегалци поради бруталните убиства на мажи во Британија. Во 2003 година го мачел и до смрт го претепал Брајан Ватерс и тоа пред очите на нивните две деца, пишува BBC.
Кристофер и тројца помагачи од него купувале марихуана која ја одгледувал на својата фарма во Кнутсфорд, а ноќта кога е убиен дошле да ги решат долговите на неговата фарма.
Кристофер и помагачите го врзале Ватерс за столица, потао го камшикувале, палеле, го обесиле наопачки и го силувале со метална шипка. Сето тоа се случувало пред очите на неговите деца.
Помагачите се осудени на доживотна казна затвор.
Кристофер е задржан во притвор, а во понеделник ќе и биде испорачан на Британија.