Од Третјаковската галерија во Москва, за време на синоќешната изложба, била украдена слика пејзаж на грчко-рускиот сликар Архип Куинџи Иванович.
Се работи за „Ај-Петри“, масло на платно 39х53 сантиметри, насликано 1908 година, коешто прикажува планина на Крим.
Третјаковската галерија, која е една од водечките во рускиот главен град, последниве години често е мета на кражби. Сликата „Ај-Петри“ е осигурана на нешто повеќе од 180.000 долари.
Во меѓувреме, руското Министерство за внатрешни работи соопшти дека е уаспен 31-годишен маж, кој признал дека ја украл сликата.
ФОТО: МИА