Уапсен маж кој пред 20 години убил момче во Холандија

Осомничениот е уапсен во Шпанија вчера попладне.

107
ФОТО: EPA-EFE / Enric Fontcuberta

Холандската полиција денеска соопшти дека во Шпанија е уапсен 55-годишен маж осомничен за убиство на 11-годишно момче, коешто се случило пред 20 години.

Апсењето на човекот чиј идентитет не се открива, уследи откако холандските власти упатија јавен повик и објавија негови фотографии, со образложение дека трагите од ДНК најдени на облеката на момчето се совпаѓаат со неговите. Се смета дека човекот во 1998 година, во летен камп во Холандија го злоставил, а потоа и го убил детето.

Осомничениот е уапсен во Шпанија вчера попладне.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...