Уапсен капетанот на авионот што се распадна на три дела

546

Турската полиција го уапси капетанот на авионот на компанијата „Пегазус ерлајнс“, кој на почетокот од месецот излета од писта на аеродромот Сабиха Гокчен во Истанбул, при што загинаа три лица.

Авионот кој леташе од Измир за Истанбул излета од писта и удри во насип, а леталото се распадна на три дела.

По несреќата испитани се двајцата пилоти, а еден од нив, капетанот Махмут Арслан е уапсен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...