Уапсен е еден од водачите на најопасната мафијашка група во Европа

1133

Италијанската полиција го уапси еден од водачите на најопасната мафијашка група во Европа. Џузепе Пеле, 57, бил приведен во неговиот дом во Кондофури, мал град на планинскиот масив Аспромонте.

„Ова е особено важно апсење поради тоа што Пеле е меѓу оние што ги носеа стратегиските одлуки на Ндрангета“, рече обвинителот Гаетано Паци. Според италијанската агенција АНСА, Пеле треба да одлежи 2,5 години затвор за членство во мафијата и обид за изнудување, а доби и втора потерница додека беше во бегство за други злодела поврзани со мафијата.

Полицијата го опиша како висок член на Ндрангета од Сан Луче. Ндрангета ја надмина сицилиската Коза ностра како најмоќна мафијашка група и се смета за водечки шверцер на кокаин во Европа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...