Уапсен дијамантскиот тајкун во Лондон поради банкарска измама од 1,8 милијарди долари

466

Дијамантскиот тајкун Нирав Моди уапсен е вчера во Лондон откако пред повеќе од една година индиските власти соопштија дека е вмешан во банкарска измама од 1,8 милијарди долари, соопшти денеска лондонската полиција.

Моди (48) вечерта ја помина во притвор, а во текот на денот ќе биде сослушан за одредување на кауција.

Индиските власти од февруари 2018 година бараа апсење на Моди, бидејќи компаниите кои беа под негова контрола ја измамија националната банка „Пенџаб“ користејќи лажни финансиски документи за да добијат кредити за купување и увоз на скапоцени камења.

Тогаш индиската полиција изврши претрес во куќата и канцеларијата на Моди и неговиот деловен партнер Мехул Чолси и заплени приближно 800 милиони долари во скапоцени камења и злато.

Се претпоставува дека Моди и Чолси ја напуштија Индија откако беше откриена наводната измама.

Моди ги негираше таквите наводи и побара политички азил во Велика Британија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...