Уапсен Бугарин поради продажба на авиоделови на Сирија

Андреев работел во бугарската канцеларија на компанијата „АВ-Троникс“, со седиште во Мајами.

89

Бугаринот Жељаз Андреев е уапсен во САД под обвинение за илегална продажба на авиоделови и авионска опрема на Сирија, соопшти денеска амиканското Министерство за правда.

Андреев работел во бугарската канцеларија на компанијата „АВ-Троникс“, со седиште во Мајами.

Опремата, која била за двојна намена – и за воена и за цивилна, Андреев ја продал на авиокомпанија во сопственост на сириската Влада.

Во соопштението се наведува дека канцеларијата на американскиот Трезор за контрола на странски имот, ја блокирала авиокомпанијата поради транспорт на оружје и муниција во Сирија и поради поврзаноста со терористичката организација Хезболах и иранската Револуционерна гарда.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...