Полицијата на Австрија и Србија уапси 26 лица поради трговија со дрога, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.
Тие биле затекнати и приведени во Австрија, а меѓу нив имало 24 Срби, едно лице од Австрија и едно од Црна Гора.
Полицијата открила 14 лаборатории за одгледување на марихуана и запленила голема количина на дрога, се наведува во кусото соопштение.