Турција нареди апсење на 192 лица поради сомнеж за поврзаност со мрежата на турскиот имам Фетулах Ѓулен, кој живее во доброволен егзил во САД, а Анкара го обвинува дека раководел со обидот за државен удар во 2016 година, пишува турскиот весник „Хуриет“.
Властите во Истанбул и Адана минатата недела наредија апсење на повеќе од 100 осомничени воени лица.
Во обидот за државен удар на 15 јули 2016 година беа убиени околу 250 луѓе.
Од тогаш, повеќе од 77.000 лица се притворени и чекаат судење, а 150.000 државни службеници, воени лица и други врабпотени во јавниот сектор се суспендирани од работа или добија отказ.