Уапсени 13.000 терористи во исламски регион од 2014 година во Кина

111

Кинеските власти соопштија дека од 2014 година, во традиционално исламскиот регион Синџијанг, биле уапсени речиси 13.000 терористи и разбиени стотици „терористички банди”.

Овие податоци се објавени во денешниот извештај на Владата во Пекинг, кој се однесува на ситуацијата во немирната област во североисточниот дел на Кина.

Кинеските власти со извештајот настојуваат да одговорат на зголемените критики на светот во врска со притворувањето на околу еден милион припадници на етничката група Ујгури и други главно муслимански етнички групи.

Камповите во кои се сместени тие, Кина ги нарекува центри за обука на занаетчии и тврди дека учеството е доброволно.

Американски медиуми наведуваат дека поранешни затвореници тврдат дека биле малтретирани и принудени да се откажат од исламот и да се обврзат на верност на Комунистичката партија на Кина.

Во обемниот извештај, исто така, пишува дека „законски заснованата дерадикализација” во Синџијанг спречила пораст и ширење на верски екстремизам.

Во документот се наведува оти усвоената политика е „вистинската рамнотежа меѓу сочувството и строгоста”.

Во него се вели дека од 2014 година во Синџијанг „се разбиени 1.588 насилни и терористички банди, уапсени 12.995 терористи, одземени 2.052 експлозивни направи, казнети 30.645 луѓе поради 4.858 нелегални верски активности и одземени 345.229 парчиња нелегални религиозни материјали”.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...