Грчката полиција уапси четири лица поврзани со нападот на градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис.
Лицата, од кои едно малолетно, ќе бидат изнесени пред јавен обвинител и ќе одговараат за нарушување на јавниот ред и мир, нанесување телесна повреда и предизвикување штета, јавуваат грчките медиуми.
Бутарис беше вербално и физички беше нападнат од група националистидодека полагаше венец на манифестацијата за одбележување на годишнината од геноцидот на пондските грци, кој се одржа во центарот на Солун.