Уапсени „тешко вооружени“ мажи на Хаити

Тие биле уапсени додека патувале во возила без регистарски таблички, а некои од нив тврделе дека работат за Владата.

62

Властите на Хаити уапсија осуммина „тешко вооружени“ мажи, меѓу кои петмина Американци и по еден Србин, Русин и Хаиќанец.

Тие биле уапсени за време на антивладини демонстрации, откако во нивното возило било пронајдено оружје, опрема за комуникација и неколку регистарски таблички, информира полициски извори.

Како што се наведува, полицијата во возилото пронашла шест митралези, седум пиштоли, дронови, сателитски телефони, заштитини елеци и друга воена опрема.

Седуммината уапсени беа идентификувани како Кент Леланд Крекер, Данило Бајавиќ, Влад Јанкович, Бартон Телон, Кристофер Осман, Даниел Дастин и Естера Мајкл.

– Групата од осум мажи е обвинета за нелегално поседување на оружје, а второто обвинение против нив е криминален заговор – соопшти полицијата.

Тие биле уапсени додека патувале во возила без регистарски таблички, а некои од нив тврделе дека работат за Владата.

Во моментот на нивното апсење, тие ја напуштале националната банка, но полицијата не пронашла никакви пари.

Опозицијата на Хаити од 7 февруари организира протести, барајќи оставка на претседателот Жовенел Моиз.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...