Уапсени седум Сиријци за силување на тинејџерка во Германија

295

Седум мигранти од Сирија на возраст од 19 до 29 години и еден германски државјанин на возраст од 25 години се уапсени вчера во Фрајбург под сомнение дека силувале 18-годишна девојка.

Според информациите од полицијата, девојката се запознала со еден од осомничените во ноќен клуб каде тој ја издрогирал ставајќи ѝ нешто во пијалокот, објави „Дојче веле“. Со ДНК тест е утврден идентитетот на неколку од сторителите.

„Дојче веле“ пишува дека како што се продлабочува мигрантската криза во Европа, така се зголемува насилството во Германија кое го вршат мигранти организирани во групи. Злосторствата поттикнуваат бес кај Германците и вршат притисок врз германската канцеларка, Ангела Меркел, поради нејзината либерална мигрантска политика.

Ова е само последен во низата насилни злосторства кои се случиле во овој студентски град од 2016 година, пишува „Дојче веле“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...