Повозрасна брачна двојка е уапсена откако големо количество кокаин било запленето во нивниот багаж по крстарење од Карибите до Европа.
Седумдесетгодишна жена и нејзиниот две години постар сопруг се уапсени откако во нивната кабина е пронајдено големо количество кокаин. Апсењето е извршено по дојава откако бродот на компанијата Marco Polo of Cruise & Maritime Voyages пристигнал во лисабонското пристаниште.
– Уапсена е повозрасна брачна двојка која пренесувала дрога за време на туристичкото патување од Карибите до Европа. Тие се обвинети за меѓународна трговија со дрога – соопшти португалската полиција.
По дојавата која ја добила полицијата, неколку полицајци преправени во патници успеале да ја уапсат средовечната брачна двојка во Лисабон.