Уапсени напаѓачите на новинарот во Ваљево

37

Припадници на Министерството за внатрешни работи во Ваљево уапсија две лица, осомничени за физичкиот напад на новинарот Марко Аќимовиќ.

Како што соопшти Полициската управа на Ваљево, уапсени се М.Г (1963) и Б.П. (1954), поради основано сомневање дека извршиле кривично дело насилничко однесување.

Двајцата се сомничат дека физички го нападнале Аќимовиќ пред зградата на Градската управа во Ваљево, при што му задале повеќе удари откако се обидел да известува од јавниот собир.

– Осомничените се приведени во Основното јавно обвинителство и по сослушувањето кај обвинител се спроведени кај судија за натамошна постапка за да донесе одлука по предлог на основниот јавен обвинител за одредување притвор – се наведува во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...