Две девојчиња биле уапсени во Мисисипи поради убиство на својата мајка Ерика. Иако уапсени во јануари, тие дури сега презбореле за тоа што се случило.
– Беше ужасно – рекла 14-годишната Амаријона.
Таа истакнала дека кога би можела, би реагирала на друг начин. На прашање дали биле злоставувани, одговорила потврдно. Сепак немало никаква пријава во врска со тоа.
Девојчињата не сакале да зборуваат пред камери, но тврделе оти не се одговорни за смртта на својата мајка. За време на убиството биле во куќата на нивната тетка.
Главниот истражител Крис Бел изјавил дека девојчињата прво признале дека планирале убиство. Според неговите зборови, тие ја намамиле Ерика да излезе од спалната, постарата ќерка ја прободела со нож, две години помладата пукала кон неа со огнено оружје, па нејзината сестра повторно ја прободела.
– Ерика им се заканувала на девојчињата, им велела „Имам пиштол. Имам само два куршума, толку и ми требаат – рекол адвокатот на девојчињата.
Тој додал оти одбраната ќе се базира на самоодбрана.
Таткото на девојчињата, Еди Ајзак не верува во верзијата на властите.
– Имаат милион приказни и лаги и јас не гледам како тоа функционира – рекол тој.
Според законот во Мисисипи, на деца над 13 години, им се суди како на возрасни лица. Судијата може да го препрати случајот на суд за млади, што се очекува да биде побарано од адвокатот на девојчињата. Но, обвинителот е против.
– Таа има 14 години и изврши тешко злосторство, законот вели дека е доволно стара – изјавил обвинителот.
Амаријона се изјаснила за невина и го чека следното рочиште, а нејзината сестра ќе му биде предадена на судот за млади.