Две лица од српска националност се уапсени денеска на паркингот на Министерството за бебедносните сили на Косово (ФСК), јави дописникот на МИА од Приштина.
Според порталот „Калѕо“, уапсените биле во автомобил со белградски регистерски таблички и тврделе дека го загубиле патот и дека ја бараат зградата на Поштата на Косово, која се наоѓа во тој дел од градот.
Полицијата и ФСК се уште не ја потврдиле или демантирале информацијата.
Утре во Собранието на Косово ќе се гласа за законите со кои ФСК практично се трансформира во војска на Косово, на што остро се спротивставува официјален Белград.