Уапсени двајца Косовсци кои го запалија турското знаме

194

Косовската полиција уапси две лица во Ѓаковица, кои на социјалните мрежи објавија видео на кое се гледа како го палат знамето на Република Турција, јави дописникот на МИА од Приштина.

По реакциите од граѓани и од разни политички субјекти, полицијата покрена истрага, по што ги идентификува и денеска, со одлука на надлежен обвинител, ги приведе двете лица.

На видеото се гледаат две лица како го палат турското знаме и кажуваат дека тоа го прават во знак на поддршка за заменикот министер за надворешни работи, Ѓерѓ Дедај, кој беше обвинет за изјави кои се навредливи за турската држава и турската заедница во Косово. Приведените, на видеото извикуваат и пароли против Турција, против Србија и против турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Инцидентот го осуди и косовскиот премиер, Рамуш Харадинај.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...