Двајца вработени во затворот во кој наводно се самоуби милијардерот педофил Џефри Епстејн, се упасени бидејќи не го посматрале доволно добро, пренесува „Метро“.
Според податоците, Епстејн се обесил во затворот на 10 август додека чекаше судење.
Обвинителите тврдат дека Епстејн сексуално злоставувал малолетни девојчиња во неговите домови во Менхетн и Палм Бич, Флорида, но и на други локации од 2002 до 2005 година.
Во скандалот беше поврзано и пријателството на принцот Ендру со обвинетиот. Вирџинија Робертс рече дека била приморана да има сексуален однос со принцот три пати во Лондон, во домот на Епстејн во Њујорк и на оргија на приватниот остров на милијардерот педофил. Таа сега повика дека принцот Ендру „треба да оди во затвор“.
Принцот не е единствениот кој е обвинет дека се дружел со Епстејн. Доналд Трамп и Бил Клинтон наводно исто така се движеле во исти кругови со него.
Епстејн беше уапсен во јули, а според надлежните, чуварите кои се уапсени биле одговорни за мониторинг во одделението со зголемено обезбедување каде Епстејн беше кога изврши самоубиство. Тие требале да го надгледуваат на секој половина час, но тие заспале и наводно фалсификувале податоци за да ја покријат својата грешка.
ФОТО: EPA / JASON SZENES