Сите 27 членови на полициска станица во мексиканскиот град Окампo се уапсени под обвинение дека биле вмешани во убиството на кандидатот за градоначалник Фернан Анџелес Хуарес (64).
Хуарес беше застрелан од неидентификувани напаѓачи во четвртокот во близина на неговиот имот, јави Би-Би-Си.
Повеќе од 100 политичари беа убиени низ Мексико во пресрет на општите избори на 1 јули.
Хуарес беше трет политичар убиен во западна држава Мичоакан за само една недела.
Хуарес беше успешен бизнисмен со малку искуство во политиката.
ФОТО: Твитер