Уапсена финансиската директорка на „Хуавеј“ во Канада

153

Потпретседателката и главна финансиска директорка на „Хуавеј“, Менг Ванжу е уапсена на 1 декември во Канада, објавија денеска американските медиуми.

Менг, која е ќерка на основачот на кинеската компанија „Хуавеј“, Рен Женгфеи, е уапсена поради наводно кршење на американските санкции и и се заканува екстрадиција во САД.

Во САД уште од 2016 година е покрената истрага против компанијата „Хуавеј“ поради наводен извоз во Иран на производи кои потекнуваат од САД.

Компанијата преку соопштение го потврди апсењето на Менг, истакнувајќи дека не е јасен прекршокот поради кој е уапсена потпретседателката на Хуавеј.

– Немаме никакви сознание дека Менг сторила казниво дело – велат.

Амбасадата на Кина во Канада побара Менг да биде ослободена.

Апсењето на Менг се случи во „чуден момент“, бидејќи американскиот и кинескиот претседател, Доналд Трамп и Си Џинпинг неколку дена претходно најавија 90-дневно „примирје“ во трговската војна. Апсењето на Менг би можело да ги закомплицира трговските преговори помеѓу Пекинг и Вашингтон.

За САД, „Хуавеј“ и другите кинески компании се можен параван за кинеска шпионажа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...