Хрватската полиција денеска поплладне уапсила жена осомничена дека го подметнала вчерашниот пожар кај Шибеник, објави „Вечерње новости“.
Неофицијално, станува збор за жена од тој крај, која и порано била пријавувана за подметнување пожар.
Истагата е во тек, а повеќе информации ќе се знаат по нејзиното комплетирање.
Вчерашниот страшен пожар избувнал околу 13.30 часот, а во гаснењето учествувале околу 200 пожарникари. Ова беше најголем пожар кој ја зафати Хрватска оваа година и во кој беше ангажирана и војската.
Пеплосани се околу 900 хектари трева и борова шума.