Тутунот се откупува за 205 денари за килограм

130

Откупот на тутунот во земјава се одвива непречено и на 198 откупни пунктови го преземаат девет компании. Досега се откупени 7.261.628 тони по просечна цена од 205,34 денари за килограм.

– Откупот на тутунот се одвива непречено, без поголеми проблеми. На теренот откупуваат деветте откупни компании во земјава и го исплаќаат откупениот род. Ислапата е 77,72 насто од преземениот род. откупени се 7 261 628 тони тутун со просечна цена од 205, 34 денари за килограм. Се очекува во наредниот период да се интензивира откупот – вели директорот на Државниот земјоделски инспекторат Благој Индов.

Претседателот на прилепското здружение на тутунопроизводители „Мице Козар“, Данчо Милески, смета дека на тутунарите актуелните временски прилики им одговараат за домашната манипулација. Тие, вели, не треба да стравуваат за исплатата на субвенциите и за третата, односно четвртата класа тутун. Поверениците на откупните пунктови будно го следат откупот.

– Субвенциите, потвдено е и од Министерството за земјоделство и од Владата, ќе се исплаќаат за сите класи тутун. И тоа, 80 денари за прва, 70 денари за втора класа и 60 денари за третата и четвртата класа тутун – истакнува Милески.

Годинашната реколта тутун се проценува на околу 23.000 тони и според тутунарите, квалитетот е на солидно ниво.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...