Тутунарите од денеска ги добиваат субвенициите

Над 23.400 тутунари ќе добијат повисоки субвенции за тутунот од реколтата 2017 година, информираат од Министерството.

103

Исплатата на субвенциите за тутунот од реколатата 2017. почнува денеска , соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

-Над 23.400 тутунари ќе добијат повисоки субвенции за тутунот од реколтата 2017 година – информираат од Министерството.

Од Министерството појаснуваат дека годинава се постигна највисока просечна цена од 217,6 денари за килограм, додека со новиот начин на зголемено субвенционирање во три нивоа што почнува со реколтата 2017, за прва класа субвенцијата е 80 денари, за втора 70, а за третото ниво за трета и четврта класа како и за дополнителни класи е 60 денари, информира Министерството.

Целта на новиот модел на субвенционирање е да се поттикнат тутунарите да произведуваат поквалитетен тутун за да добијат повисока субвенција.

Тутунопроизводството во Македонија остварува девизен прилив од околу 100 милиони евра годишно.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...