Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск изјави дека шефовите на држави и влади на земјите од ЕУ утре ќе усвојат заклучоци поврзани со повлекувањето на Велика Британија од Унијата.
Европските лидери ќе ја сослушаат и британската премиерка Тереза Меј.
– Времето истекува, па затоа ќе разговараме за подготовките за дејствување во случај да нема договор – стои во писмо на Туск упатено до учесницитe на состанокот.
Според него, ситуацијата во Велика Британија е „сериозна“.
Туск информира дека утре ќе се дискутира за буџетот на ЕУ, како и за прашања поврзани со надворешните односи, вклучувајќи ги настаните во Азовското Море, спроведувањето на договорите од Минск, претстојниот состанок ЕУ-Арапска лига.
Во петок, Европскиот совет ќе донесе заклучоци за зачувување на природата, миграцијата, дезинформациите, борбатa против расизмот и ксенофобијата.