Туск: Не преговарам за Брегзит без договор

61

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави денеска дека нема да соработува со Велика Британија за напуштање на Европската унија без договор, додавајќи дека се надева оти британскиот премиер Борис Џонсон не сака историјата да го запамети со прекарот „господин Без Договор“.

Туск изјави во Биариц дека е подготвен да ги слушне идеите на Џонсон за да се избегне брегзит без договор.

– Една работа за која нема да соработувам е (излегување) без договор. Се уште се надевам дека премиерот Џонсон не сака историјата да го запомни како „господин Без Договор”. Ние сме подготвени да слушнеме идеи што се реални и прифатливи за сите земји-членки, вклучително и Република Ирска, ако и кога владата на Велика Британија е подготвена да ги предложи – рече Туск.

Брегзит ќе биде една од темите за кои дискутираат лидерите на самитот на Г7 и на кој ќе присуствува Туск.

Фото: EPA PATRICK SEEGER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...