Турци, Полјаци и Срби се најбројни туристи во Македонија

186

Во државава во јуни годинава се регистрирани 119.334 туристи со 264.821 ноќевање, што во однос на јуни лани претставува зголемување за 16,6 проценти, односно за 8,9 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.

Најпосетени во јуни годинава биле езерските места, каде престојувале 50.939 туристи, по што следи главниот град со 41.578, па планинските места со 5.604 и бањите со 2.392 посетители. Најмногу странски туристри имало од Турција, Полска, Србија, Грција и Бугарија.

Во јуни годинава бројот на домашни туристи се зголемил за 15,7 отсто, а на странските за 16,9 проценти, а во делот на ноќевањата за 7,2 отсто, односно 9,6 отсто.

Во периодот јануари-јуни годинава, во однос на истиот период лани, бројот на туристите е зголемен за четири проценти, при што кај домашните има зголемување за 5,2  отсто, а кај странските за 3,5  проценти. Во првата половина од годинава бројот на ноќевањата е зголемен за 2,1 осто, кај домашните туристи за 1,3 проценти, а кај странските за 2,6 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...