Турската Централна банка најави дека ќе ги преземе сите потребни мерки за поддршка на лирата и за обезбедување ликвидност на банките.
Денеска лирата потона за нови 11 отсто на берзите во Азија. Во некои моменти 1 долар вредел преку 7 лири.
Банка за да ја одбрани лирата го намали нивото на резерви на комерцијалните банки и ги олабави прописите кои го регулираат начинот на кој управуваат со својата ликвидност во лири и странски валути, пишува њујоршката агенција „Блумберг“.
„Ублажувањето на ограничувањето на резервите ќе ослободи дури 10 милијарди лири, шест милијарди долари и три милијарди долари во злато“, соопшти централната банка.
Пред најавата од Централната банка лирата беше падната за 9 отсот, а потоа дојде на пад од 6 отсто.
Работите се влошија во петокот, кога претседателот на САД, Доналд Трамп, го одобри удвојувањето на царините за челикот и алуминиумот увезен од Турција.
На тоа претходеше одбивањето на Турција да се пушти на слобода американски пастор кој е во притвор во Турција речиси две години.