Турција преговара со САД и Русија за офанзива во Сирија

73

Анкара преговара со САД и Русија за можна офанзива на турската Армија во регионот на североисточна Сирија, кој сега е под контрола на силите на сириските Курди, соопшти Министерството за одбрана  на Турција.

Анкара сака да воспостави безбедносна зона на подрачјето источно од реката Еуфрат, контролирано од Силите за заштита на народот на сириски Курди, од каде се повлекоа најголемиот дел од американските војници.

Турција ги смета Силите за заштита на народот за сириски огранок на Курдската работничка партија (ПКК), која од 80-те години на минатиот век се бори за автономијата на регионите во југоистична Турција, каде мнозинство од населението се Курди. ПКК се наоѓа на листите на терористички организции на Турција, ЕУ и САД.

– Кога станува збор за подготовка на акцијата источно од Еуфрат, која се уште е актуелна, нашата соработка со САД и Русија продолжува – изјави портпаролката на турското Министерство за одбрана, Себнем Актоп.

Таа нагласи дека и „покрај провокациите“, успешно продолжува соработката меѓу Анкара и Москва во северозападната сириска провинција Идлиб, каде двете земји воспоставија безбедносна зона меѓу териториите под контрола на Владата во Дамаск и на бунтовниците.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...