Турција почна офанзива „Пролетен штит“ како одмазда за загинатите 33 војници

264

Турција почна офанзива против режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад во северозападната сириска пртовинција Идлиб.

Офанзивата е почната како одговор на смртоносниот напад на сириските сили врз турските позиции во ова провинција од пред три дена, кога загинаа 33 турски војници.

– Операцијата „Пролетен штит“, почната по ужасниот напад од 27 февруари во Идлиб, успешно се спроведува, изјави денеска турскиот министер за одбрана Хулуси Акар.

„Успешно продолжува операцијата „Пролетен штит“ што беше почната на 27 февруари како одговор на нападот врз турските војници. До денеска се уништени еден дрон и осум хеликоптери, 103 тенка, 72 хаубици, три системи за ПВО и убиени се 2.212 војници на режимот на Асад“, ги пренесе податоците на министерот тускиот канал НТВ.

Турскиот министер за одбрана нагласи дека целта на офанзивата „не е судир со Русија“.

– Нашата задача е да ги спречиме злосторствата кои ги прави режимот на Асад, да ги елиминираме радикалните елементи и да го спречиме бранот миграција – нагласи Акар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...