Турција планира меѓународна истрага за убиството на Кашоги

47

Турција планира да започне меѓународна истрага за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги и да преземе чекори во наредните денови, рече министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.

Кашоги беше убиен во саудискиот конзулат во Истанбул на 2 октомври.

Чавушоглу рече дека некои западни земји се обидуваат да го заташкаат атентатот на Кашоги и додаде дека Турција направила подготовки за почнување на меѓународна истрага

– Ќе одиме до крај, подготвивме подготовки за меѓуармиска истрага во наредните денови и ќе ги преземеме неопходните чекори – рече турскиот министер за надворешни работи.

И покрај заедничката истрага со саудиските официјални претставници во саудискиот Конзулат во Истанбул, резиденцијата на конзулот и на неколку други локации, телото на Кашоги не беше пронајдено.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...