Комитетот на истанбулската ЛГБТИ заедница соопшти на Твитер дека денеска ќе ја одржи Парада на гордоста и покрај забраната.
Организаторите на парадата велат дека гувернерот на Истанбул „незаконски” веќе четврта година по ред го забранува собирот, а со тоа го крши нивното право на митинг.
Парадата на гордоста е забранета во Истанбул од 2015 година, кога гувернерот на тој град поради безбедносни причини издаде забрана за таков собир.