Турција остана без шест дронови

294

Шест турски беспилотни летала се уништени од страна на сириските воздушни одбранбени системи, соопшти извор во сириското Министерство за одбрана, пренесува ТАСС.

– На 1 март 2020 година, сириските воздушни одбранбени системи уништија шест беспилотни летала на турските вооружени сили над зоната на деескалација во Идлиб – изјавил изворот, цитиран од ТАСС. Дроновите, според истиот извор, ги гаѓале позициите на сириските владини сили.

Претходно денеска, турските борбени авиони Ф-16 соборија два авиони на сириските воздушни сили над зоната на деескалација на Идлиб. Пилотите се безбедни. Воздушниот простор над областа за деескалација на Идлиб од денеска е затворен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...