Турција негира дека нејзини авиони го пресретнале хеликоптерот на Ципрас

158

Армијата на Турција денеска ги негираше тврдењата на грчкиот премиер Алексис Ципрас дека турски воени авиони го пресретнале хеликоптерот со кој тој патувал островот Агатониси.

– Турски ловци не учествувале во предизвикување тензии со хеликоптерот со кој патувал грчкиот премиер Алексис Ципрас, изјави претставник на турската Армија, додавајќи дека „авионите само вршеле рутински мисии во реонот“.

Ципрас денеска по повод грчкиот национален празник присуствуваше на свеченост на островот Агатониси, што се наоѓа во близина на брегот на Турција, каде изјави дека турски авиони го пресретнале неговиот хеликоптер и го принудиле да лета ниско и да прави маневри, се додека не интервенирале грчки воени авиони.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...